Во комплексот Негорски Бањи денеска се одржа прес-конференција на Македонската кошаркарска федерација, на која беше најавен завршниот турнир од Купот на Македонија. Спортскиот Директор на МКФ, Владимир Темелковски, го предаде трофејот во трајна сопственост на претставниците на МЗТ Скопје Аеродром, и посака трибините да бидат исполнети до последно место.
„Одлучивме Купот да се игра во град каде што има два клуба од Првата лига и воедно има и одлични услови. Кожув и Блокотехна ги презедоа сите обврски да се организира овој голем настан. Сите кои сакаат кошарка се добредојдени да присуствуваат на овој настан, со ова се мисли и на навивачите. Кошарката се игра за навивачите, не се игра ниту за МКФ, за Градоначалниците, за тренерите, или други. Ако не сме подготвени да ја рашириме магијата на кошарката до сите луѓе и до навивачите, тогаш за нас тоа е како пораз“, вели Темелковски.
КУП на РМ распоред:
Ден 1. (15. февруари, 2019 година ПЕТОК)
26 април 13:00 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 1) (пренос на МОК ТВ)
26 април 15:15 Работнички – Куманово 2009 (четвртфинале 2) (пренос на МОК ТВ)
26 април 17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (четвртфинале 3) (МРТ)
26 април 20:00 Гостивар – Фени Индустри (четвртфинале 4) (МРТ)
Ден 2. (16. февруари, 2019 година САБОТА)
Блокотехна НБ 12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1) (пренос на МОК ТВ)
Блокотехна НБ 14:15 Вардар – Работнички (натпревар 2) (пренос на МОК ТВ)
26 април 17:30 Полуфинале МАЖИ 1(победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4) (МРТ)
26 април 20:00 Полуфинале МАЖИ 2(победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3) (МРТ)
Ден 3. (17. февруари, 2019 година НЕДЕЛА)
26 април 14:30 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2) (МРТ Собраниски)
26 април 17:30 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2) (МРТ)