Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ги одреди термините за одигрување на натпреварите од завршницата на Купот на Македонија, кој ќе се одржи во Гевгелија од 15 до 17 февруари.
Завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија ќе го отвори еден од организаторите, Блокотехна со дуелот против Охрид, еве го комплетниот распоред.
Четвртфинале: 15 февруари, 2019 година
13:00 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 1)
15:15 Работнички – Куманово 2009 (четвртфинале 2)
17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (четвртфинале 3)
20:00 Гостивар – Фени Индустри (четвртфинале 4)
Полуфинале: 16 февруари
12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1)
14:15 Вардар – Работнички (натпревар 2)
17:30 Полуфинале МАЖИ 1 (победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4)
20:00 Полуфинале МАЖИ 2 (победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3)
Финале: 17 февруари
14:30 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2)
17:30 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2)
Титулата од минатата година ја бранат кошаркарите на МЗТ Скопје и кошаркарките на ЖКК Вардар.