МКФ немаше милост за клубовите

0

По одигрување на натпреварите во 6 коло во Првата кошаркарска лига, беа одредени и санкциите за дел од тимовите или нивните членови кои беа забележани во записниците на службените лица.

Кошаркарскиот состав на Работнички ќе мора да плати 20.000 денари поради недоличното однесување на неговите навивачи на средбата со Блокотехна. Трета техничка грешка на клупата на АВ Охрид ќе ги чини Охриѓани 16.000 денари. МЗТ Скопје ќе треба да издвои 12.000 денари поради техничката грешка на тренерот, Александар Тодоров како и поради неспортската реакција на кошаркарот, Бојан Трајковски.

Вице-шампионот Карпош Соколи ќе мора плати казна од 8.000 денари поради техничката грешка на тренерот, Ангел Тасевски.

Share.

Leave A Reply