МКФ реагираше на провокациите

0

Кошаркарската федерација на Македонија излезе со соопштение по повод сите реакции по завршувањето на плеј-офф серијата меѓу Работнички и МЗТ Скопје.

„Крајно сме разочарани од одлуките на одредени поединци (тренери) и одредени клубови за реакциите во врска со судењето и судиските одлуки во рамки на плејофот од машка сениорска конкуренција. Иако имавме семинари на кои беше наведен и потенциран кодексот на однесување за тренерите и сите учесници во натпреварите  и дека најстрого се забранува какво било коментирање околу судењето, одредени клубови тоа не го испочитуваа за што комесарот во наредниот билтен ќе излезе со соодветни казни и санкции“ – стои во соопштението на МКФ.

„Најтрагично е што во целиот плеј-оф ниту еден клуб нема поднесено официјална жалба, ниту приговор кон судија или делегат на кој било натпревар за што мислиме дека овие обвинувања се уште поапсурдни и неосновани и се користеа како медиумски притисок за остварување на некошаркарски цели како што впрочем е пракса со години наназад.Судењето беше на извонредно ниво а одлуките се според кошаркарските правила и препораките од меѓународната кошаркарска федерација ФИБА“ – се заклучува во објавата од Куќата на кошарката.

Share.

Leave A Reply