Младата селекција до 21 година со контроли против Црна Гора, Бугарија и Грузија

0

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година наредниот месец ќе одигра два контролни натпревари на домашен терен.

Селекцијата предводена од селекторот Благоја Милевски на 24. март ќе се соочи со врсниците од Црна Гора, а четири дена подоцна, на 28. март ќе одигра контрола пресметка против Бугарија до 21 година.
Натпреварот со Грузија, исто така на домашен терен, Македонија до 21 година ќе го одигра на 4 јуни.

„Ќе се обидеме на квалитетен начин да ги искористиме термините на Уефа за пријателски натпревари. На првиот контролен натпревар нашата нова генерација, фудбалерите родени 1996/97 ќе им се спротивстават на црногорците, додека еден од главните тестови пред Европското првенство ќе ни биде натпреварот со Бугарија. На таа пресметка ќе воигруваме со репрезентативците на кои ќе сметам на првенството во Полска“, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.

Селекторот Милевски ќе има тешка задача затоа што напоредно ќе треба да воигрува две репрезентации, онаа која ќе игра на Европското првенство во Полска и онаа која ќе ги игра следните квалификации за Европското првенство во Италија во 2019 година.

Share.

Leave A Reply