Младинците против главниот фаворит за златото за полуфинале

0

Младата ракометна репрезентација на Македонија синоќа успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Алжир победувајќи го домаќинот на првенството, па сега веќе мисли на следниот голем ривал, селекцијата на Франција.

Македонија стана дел од осумте најдобри младински селекции во светот, во друштво на Франција, Тунис, Русија, Данска, Германија, Унгарија и Шпанија. Интересно е што во најдобрата „осумка“ се наоѓаат сите четири екипи што играа во групата „Ц“, чиј дел беше и Македонија.

Четвртфиналето на програмата е вечерва, а противник на Македонија ќе и биде првиот фаворит за златниот медал, селекцијата на Франција. Натпреварот почнува од 19:30 часот по македонско време.

Share.

Leave A Reply