Младинците завршија како шести на СП

0

Младинската ракометна репрезентација на Македонија го освои 6. место на светското првенство во Алжир. Во мечот за петтата позиција, избраниците на Илија Темелковски беа поразени од Унгарија со 26-22.

Со самиот пласман во најдобрата шесторка на планетава во оваа возрасна конкуренција, Македонија го направи најдобриот пласман на Мундијалите. На денешниот меч со Унгарците во нашиот табор се истакна Марко Нелоски со 6 гола, а по 4 постигнаа Марио Танковски, Филип Кузмановски и Филип Талески.

Вечерва се играат и финалните средби. Во битка за бронзата се сраќаваат Германија и Франција, додека за златото ќе се борат Шпанија и Данска.

Share.

Leave A Reply