Младиот дефанзивец ќе потпише за ПСЖ

0

Фудбалерот на Ајакс, Матијас Де Лихт,  нема да замине во Барселона или Јувентус како што претходно беше најавувано туку во екипата на ПСЖ , објави италијанскиот новинар, Џанлука де Маркио.

Според наведеното, Мино Раиола кој му е менаџер задолжен за трансфери на Де Лихт, деновиве ќе замине во Париз да ги прецизира деталите со шампионот на Франција.

Се претпоставува дека тимот од „Паркот на принцовите“  ќе плати за услугите на де Лихт од 75 до 80 –ет милиони евра.

Share.

Leave A Reply