Младиот фудбалер на Барса ја промени средината

0

Фудбалерот на Барселона, Мунир Ел Хадади ќе се пресели во редовите на Севилја. Тој ќе потпише договор за три и половина години и ќе биде одлично засилување во средниот ред на екипата од Андалузија, објавија денеска медиумите во Шпанија.

Трансферот е во висина од само 1 милиони евра бидејќи Ел Хадади има договор со Барселона само до крајот на сезоната кога ќе може да си замине како слободен агент.

Од таа причина, Каталонците се решија да го продадат во текот на зимскиов преоден рок.

Share.

Leave A Reply