Марк Вестапен, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната 12-тата трка во Формула 1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Унгарија.
Возачот на Ред Бул денеска на патеката Хунгаро-ринг за прв пат во кариерата успеа да победи на официјалните квалификации откако ги остави зад него возачите на Мерцедес. Валтери Ботас утре ќе биде во првиот стартен ред а светскиот шампион, Луис Хамилтон, ќе ја има третата стартна позиција. Понатаму ќе бидат наредени: Леклерк и Фетел со Ферари и Гасли со возилото на Ред Бул.
Што се однесува до генералниот пласман кај возачите, Хамилтоне лидер со 225 бодови пред тимскиот колега Валтери Ботас со 184. Трет е Верстапен со 162 пред двајцата возачи на Ферари, Себастијан Фетел (141) и Чарлс Леклерк (120).