Младиот тренер нема да форсира

0

Тренерот на Челзи, Френк Лампард, вели дека нема по секоја цена да купува нови фудбалери во јануарскиот преоден рок иако „сините“ добија дозвола да се засилат откако арбитражниот Суд им ја преполови суспензијата за купување на играчи.

„Добро го познавам тим и задоволен сум од атмосферата што ја имаме. Ние се развиваме а последните лоши резултати се дел од процесот“ – вели Лампард.

„Нема потреба да купуваме фудбалери по секоја цена. Доколку ни се укаже шанса да дојдеме до квалитетен играч, тогаш ќе ја искористиме. Задоволен сум од составот што го имам. Ние треба да продолжиме да работиме“ изјави Лампард за веб-страната на Челзи.

 

Share.

Leave A Reply