Младиот возач не е задоволен од резултатите

0

Возачот на Ред Бул во Формула 1, Макс Верстапен, вели дека не е задоволен од резултатите на тимот и дека ситуацијата мора да се подобри до крајот на сезоната. Тој на неделната трка во Русија иако започна од 9-то место на крајот успеа да се пробие до четвртата позиција.

„Се надевавме дека ќе бидеме поблиску до конкурентите, но, тоа не се случи. Мора да се направат значајни промени во возилото за да бидеме поконкурентни во наредната сезона“ – вели 22-годишниот возач на Ред Бул.

Верстапен во тековниов шампионат во Ф1 успеа да се искачи само два пати на првото место на пиедесталот.

Share.

Leave A Reply