Шарл Леклер со болидот на Ферари апсолутно доминираше на патеката –„Спа“ во Белгија и сосема заслужено се израдува на првата победа во Формула 1. Второто место го обезеди водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон од Мерцедес додека на третото место на пиедесталот се искачи вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.
Себастијан Фетел мораше да се задоволи со четвртото место. Алекс Алобон, кој од денеска вози за Ред Бул заврши како петти откако го помина Перез во последнито круг. Во бодови денеска уште освоија и: Дани Квјат, Нико Хулкенберг, Пјер Гасли и Ленс Строл. Почетокот на трката ја одбележа голем инцидент кога по контактот на болидите на Ферстапен и Раиконен, холандскиот возач удри во заштитниот ѕид и испадна од трката.
Наредната трка во ф1 ќе се вози на легендарната патека во Монца за Големата награда на Италија. На чело кај возачите е Луси Хамилтон со 268 бодиви пред Валтери Ботас со 203 додека Макс Верстапен има 181 бод.