Младите ја прават тактиката за утрешниот меч со Србија

0

Нашите млади фудбалери до 21 година денеска во Бидгошч се подготвуваат за утрешниот меч против Србија во рамките на 2 коло на Европското првенство што се реализира во Полска. Во воведното коло ние загубивме од Шпанија убедливо со 5:0 додека Србија беше совладана од Португалија со 2:0. Нашиот репрезентативец, Даниел Аврамовски, ичекува добра партија.

„Одигравме добро во поголемиот дел од мечот со Шпанците.Така треба да продолжиме и во наредните две кола. Верувам дека со мотивирани игра можеме да дојдеме до првите бодови на Европското првенство’ потенцираше Аврамовски во изјавата за Спортско радио 90,3.

Македонија утре од 18.00 часот ќе излезе на мегдан со Србија додека во вечерниот термин од 20.45 часот ќе биде реализирано дербито во групата меѓу Шпанија и Португалија.

Share.

Leave A Reply