Младите каратисти заминуваат на ЕП во Унгарија

0

Карате федерацијата на Македонија и АМС пред настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, кое ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија од 7 до 9 февруари, денеска одржаа прес-конференција на која ги соопштија всоите очекувања.

Дарко Каевски, директор на АМС и селекторите Александар Кузмановски, Арлинд Хусеини, Стојан Андриевски како и дел од натпреварувачите искажаа оптимизам за врвни резултати и нови освоени медали.

„Очекувам максимално посветен настап. Мислам дека сите се на високо ниво на подготовка, немаме повреди и очекуваме максимален учинок. Ако минатата година беа две финалиња, оваа година очекувам три. Така се крева нивото на земјата и нашето карате“, вели еден од селекторите, Александар Кузмановски.

Директорот на АМС, Каевски напомена дека Агенцијата е секогаш стартно место пред заминувањето на вакви настапи.

„Ова ќе биде рекордно и тешко првенство. Ако се знае дека остваривме одличен резултат во Алборг лани, сега очекуваме продолжување на континуитетот. Нема да бидам скромен и ќе кажам дека очекуваме многу повеќе медали.“

Share.

Leave A Reply