Младите кошаркари на крајот завршуваат на 18-то место

0

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години го освои 18. место на Европското првенство – Б дивизија, кое се одржува во Скопје.

Во мечот за пласман на 17 и 18 место, кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ нашите млади кошаркари загубија од Швајцарија минимално со 64:65. По очајно лошиот старт во прват ачетвртина која ја загубија со 20:6, македонските кошаркари се вратија во игра со подобра втора четвртина (22:14) и на одмор заминаа со негатива 28:34.

Во третиот период повторно одиграа лошо, но затоа последната четвртина ја одиграа најдобро, направија одлична серија од 15:1 и успеа да дојдат дури и до поредност од 59:58, но немаа сили да го направат и завршниот удар з апобеда и загубија минимално со 64:65.

Вечерва во финалето на У18 Европското првенство Б дивизија ќе играат Словенија и Холандија.

Share.

Leave A Reply