Младите кошаркари против Русија за место во четвртфинале

0

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација до 16 години денес го продолжува својот настап на ЕП во Италија. Младите кошаркари во елиминациската фаза за противник ја имаат селекцијата на Русија со која денес играат во осминафиналето на ова ЕП за играчи до 16 години.

Овие две репрезентации обезбедија пласман во европската А-дивизија минатата година, на првенството што се одржа во Сараево. Русија тогаш ја освои титулата, а Македонија беше третопласирана. На тој шампионат играа и меѓу себе, во првото коло и победи Русија со 75:69.

Од селекцијата која настапи на таа средба, во сегашниот тим под водство на селекторот Денис Дервишевиќ настапува само Андреј Митревски, еден од најдобрите не само во македонската репрезентација, туку и воопшто на првенството.

Овој натпревар меѓу Македонија и Русија е многу важен затоа што победникот ќе игра во четврфиналето со подобриот од средбата меѓу Турција и БиХ. Поразените ќе се борат за пласман од 9-16 место. Натпреварот во Удине се игра денес од 16.30 часот.

Share.

Leave A Reply