Младата фудбалска репрезентација до 19 години која избори пласман во елитната рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство се најде во група со бранителот на титулата Шпанија и со селекциите на Белгија и Бугарија, по денешната ждрепка во Нион.
Нашите млади надежи предводени од Горан Станиќ, во првичните квалификации во Скопје заедно со Англија обезбедија место во елитниот квалификациски циклус од кој само првопласираните селекции во групите ќе одат на завршницата на шампионатот во С. Ирска.
Група 2 : Шпанија, Белгија, Бугарија, Македонија
Следната, пак, генерација, која ќе се подготвува за квалификациите за ЕП 2021, во октомври следната година ќе игра во групата 5 со Чешка, Данска и Албанија во квалификациите за пласман во Елитна фаза за Европско првенство. Нашата селекција пласманот меѓу репрезентациите кои ќе играат во Елитната фаза ќе го бара на квалификациски турнир во Чешка од 7. до 10. октомври 2020. година.