Младата ракометна селекција на Македонија за играчи до 20 години вечерва го игра последниот натпревар на ЕХФ-шампионатот Б дивијза кој денес завршува во Скопје.
Избраниците на селекторот Данило Брестовац синоќа ја совладаа селекцијата на Фарски Острови по подобро изведување на пенали, а претходно на 10 минути пред крај имаа предност од 5 гола (21:16). Сепак храбрите ги следеше и среќата и на крај се пласираа во финалето каде ќе играат против Белорусија која беше подобра од Швајцарија.
Последниот и најважен натпревар се игра вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Тррајковски“, тоа е натпревар кој носи пласман во европската ракометна елита, односно меѓу најдобрите 16 репрезентации на стариот континент. Токму поради тоа оваа средба е од најголемо значење за двете селекции. Македонија во досегашниот дел од шампионатот нема пораз, двапати играше нерешено, еднаш во групата, а еднаш вчера во полуфиналето.
За разлика од нашата селекција, Белорусија беше доминантна во својата група иако загуби во последното коло од Фарски Остови во натпревар без резултатско значење. Покана за љубителите на ракометот вечерва да ги бодрат нашите млади ракометари од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, затоа што ќе им биде потреба поддршката и од трибините. Претходно од 17.30 часот се игра и натпреварот за 3 место меѓу Швајцарија и Фарски Острови.