Младите ракометари посакуваа победа, а на крајот се радуваа на реми

0

Младинска ракометна репрезентација на Македонија не ја забележа втората победа на ЕХФ шампионатот, кој се одржува во Скопје. По убедливата победа против Велика Британија на стартот на шампионатот, нашите ракометари денес одиграа нерешено против незгодната селекција на Италија 27:27.

Според резултатот и она што се случуваше во вториот дел, може Македонија да биде среќна што мечот го заврши нерешено. Во еден ден од мечот односно на 10 минути пред крајот Италија имаше предност од 3 гола разила. Во изедначено прво полувреме нашите ракометари заминаа на одмор со педност од еден гол разлика (13:12).

Во второто полувреме имаа предност од 16:14, иа од тој момент како да застанаа и дозволија на Италија да направи пресврт и да дојде до предност која беше и 23:20.Намаливме на 23:22, имавме шанса преку Димитровски и Шилегов за реми, но не успеавме. Сепак, и Италијанците почна да ги фаќа паника во напад, немаа решение за одбраната на Македонија, а во нападот веднаш враќавме за во финишот со голот на Шилегов од пенал да израмниме на 27:27 што беше и конечен резултат на оваа средба.

Утре нашите млади ракометари го играат дуелот против Швајцарија, која е најголем фаворит во нашата група, а в четврток наш ривал е Украина која треба да ни биде и најголем конкурент за втората позиција во нашата група.

Share.

Leave A Reply