Младите ракометари заминуваат за Доха на двомеч со Катар

0

Младата ракометна селекција синоќа го одработи последниот тренинг во Скопје, а денес заминува за Доха, каде ќе одигра пријателски натпревари со домашната селекција на Катар.

Синоќа претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, заедно со Генералниот Секретар, Филип Милошевски и Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт на Р.Македонија, Дарко Каевски, беа присутни на последниот тренинг на Младинската репрезентација на Македонија (до 21 година) пред денешното заминување за Доха.

Нашите млади ракометари на 11 и 12 јули ќе одиграат две пријателски средби со домаќинот Катар, кои воедно претставуваат и последна подготовка за СП во Алжир. Избраниците на селекторот Илија Темелковски најнамред имаа физички подготовки во Маврово, а потоа тактичко – технички во Скопје.

Младинската репрезентација на Македонија својот настап на Светското Првенство го почнува на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци уште ќе се играат птотив Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Четирите најдобропласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.

Share.

Leave A Reply