Младите ракометарки го завршија настапот со пораз

0

Женската ракометна кадетска репрезентација на Македонија денеска загуби од Белорусија со 40 спрема 36 и го освои шестото место на на  ЕХФ Шампионатот кој се игра во Италија.

Нашите репрезентативки иако беа подобар противник во поголемиот дел од мечот, на крајот не успеаа да се израдуваат на победа.

Во нашата селекција најпрецизна беше Ангела Јанкуловска која забележа 13 голови додека Ѓорѓиевска постига шест а Коларовска го заврши мечот со пет  голови.

Share.

Leave A Reply