Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година славеше со убедливи 6:1 над селекцијата на Гибралтар во последниот мч од квалификациите за пласман на ЕП 2019.
Три гола за нашата селекција постигна Митровски, по еден Руфати, Ѓорѓиев и Здравковски. Избраниците на Добринко Илиевски квалификациите ги завршуваат на 5. место со две победи и едно реми.