Младите „вардарци“ немаа сила да се надигруваат со Мешков Брест

0

Македонскиот ракометен шампион Вардар е поразен во Белорусија од екипата на Мешков Брест.

Домашната екипа беше убедлива протв подмладениот состав на Вардар и славеше со 35:20. Ова впрочем е најубедливиот пораз за Вардар во историјата на СЕХА лигата.

Вардарци кои во тимот од првотимците ги имаа само Недановски, Поповски, Војводиќ и Калифа, а останатите во екипата беа членови на Вардар Јуниор, немаа сила да се носат со далеку поквалитетниот противник. На клупата на Вардар на оваа средба беше тренерскиот тандем, Црвенковска и Петрушевски, кои го заменија Парондо кој остана во Скопје, но немаа шанси да направат ништо повеќе од овој убедлив пораз.

Најдобар стрелец кај домашната екипа бепше Симон Разгор со шест гола, додека Максим Баранау постигна пет гола, додека кај Вардар, Јања Војводиќ реализираше пет гола, додека Поповски и Атанасовски беа стрелци на четири погодоци.

Ракометарите на Вардар за неколку дена ги чека натпревар во Лигата на шампионите  и тоа токму против истиот противник, но на таа средба во Скопје ќе настапат најдобрите ракометари кои ќе атакуваат на нова победа. Следен предизвик во СЕХА-лигата за Вардар ќе биде домашниот натпревар против Нексе, на 6 ноември.

Share.

Leave A Reply