Многу кандидати за купување на младиот Белоти

0

Пари Сен Жермен е најновиот клуб кој има желба да го привлече напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. 23-годишниот фудбалски талент влезе во фокусот на големите откако реализираше одлична сезона во дресот на „биковите“ зачинета со 26. голови во Серија „А“.

Досега се пишуваше дека Манчестер Јунајтед и Милан се главните кандидати за неговиот потпис, но, сега споменува и името на ПСЖ. Белоти неодамна потпиша нов договор со Торино во кој беше ставена и клаузула само за странските екипи во висина од 100 милиони евра.

Претседателот на Торино,  Урбано Каиро, неколку пати најави дека нема да го продаде играчот за помала сума од наведената. Можеби токму тоа ќе ги замисли челниците на другите екипи кои сеуште немаат испратено официјални понуди за него.

Share.

Leave A Reply