Модриќ: Добро е што повторно немаше пенали

0

Хрватскиот играч од средниот ред, Лука Модриќ, призна дека не сакал по трет пат на ова СП судбината на тимот да се решава со пенали.

Хрватите се квалификуваа во големото финале откако победија со 2:1 против Англија, а решавачкиот гол во дополнителното време го постигна Марио Манџукиќ.

„Нашиот тим има неверојатен карактер, а го заслужуваме ова финале, бидејќи игравме подобро во второто полувреме и во дополнителното време, но за среќа немаше пенали”, рече Модриќ.

„Се чувствувавме навистина добро, но финалето ќе биде уште потешко, бидејќи најсилниот тим ќе се соочи со нас. Што се однесува до „Златната топка” воопшто не мислам на тоа. Сега најважно е што ќе направиме во финалето”, заврши Лука Модриќ.

Share.

Leave A Reply