Хрватскиот фудбалер во Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој ја освои „Златната топка“ за 2018 година, вели дека е оптимистички расположен околу продолжувањето на соработката со тимот од „Сантијаго Бернабе“.
„Преговорите одат во вистинската насока. Во принцип, ништо не се промени. Работам напорно на тренинзите и сакам да бидам што е можно поконкурентен“ –рече Модриќ цитиран од -„Goal.com“.
Тој во сезонава има одиграно 23 натпревари на кои постигна 4 голови и направи 1 асистенција. Неговиот договор ќе заврши во текот на летото.