Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ го коментираше неговиот можен трансфер во италијанскиот шампионат.
Во текот на изминатото лето имаше многу гласини дека хрватскиот репрезентативец може да го напушти Реал Мадрид и да замине во еден од клубовите во италијанскиот шампионат, поточно во Интер.
„Ми се допаѓа Италија, географски е блиску до Хрватска. Го гледам ова првенство затоа што многу мои сограѓани играат таму. Италијанците исто така имаат сличен менталитет како Хрватите. Ајде да видиме дали можам еден ден да завршам во шампионатот во Италија. Сега можам да зборувам само за Реал Мадрид, затоа што сум играч во овој клуб. Сакам да играм овде, во моментов мојата иднина е поврзана само со овој клуб“, изјави Лука Модриќ за „Скај Италија“.
Модриќ се пресели во Реал од Тотенхем во летото 2012 година за 30 милиони евра.Сегашниот договор на 34-годишниот Хрват со шпанскиот клуб важи до летото 2021 година.