Мојсовска со злато на карате куп во Умаг

0

Во тек е одржувањето на најмасовниот и највисоко рангиран светски карате куп организиран од Светската карате федерација (ВКФ), кој се одржува во Умаг, Хрватска.

Каратистката на Скопски Макпетрол Ангела Мојсовска, успеа да го освои златниот медал во највозрасната младинска категорија на постари јуниори (У21), во тежинската категорија на -68 кг. Помошниот тренер во Макпетрол Петар Заборски истакна дека Ангела имала извонреден настап и супериорно дошла до првото место и златниот медал.

Во првото коло таа беше слободна, во второто коло победи со спортистката од Швајцарија со 4-1, во третото коло беше подобра од БиХ и победи со 5-1, во четвртото коло уште една победа против шампионката на Хрватска која е и носител на европски медал со резултат 3-1, и во финалето победи со резултат од 4-1.

Да напоменеме само дека Ангела Мојсовска е спортистка од меѓународна категорија која е стипендистка на АМС, (Агенцијата за млади и спорт), Во Умаг земаа учество спортисти од 73 држави од целиот свет.

Share.

Leave A Reply