Мојсовска со сребро од „Кроација Опен“

0

Македонската каратистка Ангела Мојсовска (-68 кг,Макпетрол) го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција на силниот Меѓународен турнир „Кроација опен“ во Риека.

Мојсовска до медалот стигна со три победи, откако во првото коло ја совлада Рубини од Италија со резултат 6-1, потоа во второто коло ја победи Јована Вулиновиќ од Србија со 3-1 и во полуфиналето беше подобра од Џулија Каната од Италија 3-0. Во финалето нашата карактистка загуби од домашната натпреварувачка Ивана Бебек со резултат 3-1.

Настапот на „Кроација Опен“ беше последна контрола пред светското првенство кое треба да се одржи овој месец во Тенерифе, Шпанија. На турнирот настапија каратисти од 28 европски држави.

Share.

Leave A Reply