Некогашниот наш ракометен репрезентативец, Наумче Мојсовски, кој неодамна беше именуван за Директор на Агенцијата за Млади и Спорт, објави дека е позитивен на ковид-19.
„Драги пријатели. Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на ковид – 19. Во моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор “ – соопшти Мојсовски.
Тој на функцијата го наследи Дарко Каевски кој беше избран за пратеник во Собранието.