МОК, АМС и КФМ на средба со седмата сила. Повод, златото на Павлов

0

Македонскиот Олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт и нашата карате федерација, денеска организираа средба со новинарите по повод освоениот златен медал на Емил Павлов на континеталниот шампионат во Нови Сад.

„Задоволен сум бидејќи по втор пат го освојувам златниот медал, но, прв пат откако каратето стана олимписки спорт. Имав тешки пет борби и исто толку победи. Откако го совладав првиот противник, работите тргнаа во посакуваната насока а самодовербата растеше во континуитет. Сакам да им се заблагодарам на сите за големата поддршка“ – изјави Павлов.

На средбата со новинарите задоволството од големиот успех на Павлов го потенцираа и неговиот селектор, Сашко Арсовски, првиот човек на МОК, Васил Тупурковски, Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.Претстедателот на карате федерацијата, Драган Стојановски, пак, вети дека каратистите и во иднина ќе бидат едни од најуспешните спортисти во нашава земја.

Share.

Leave A Reply