МОК домакин на Европските олимписки комитети

0

Од денес до недела, Македонскиот олимписки комитет е домаќин на Меѓународниот олимписки комитет и на Европските олимписки комитети на собирот на кој ќе се презентираат извештаите за зимските Олимписки игри ПјонгЧанг 2018, Младинските олимписки игри Буенос Аирес 2018, Европските игри Минск 2019, летните Олимписки игри Токио 2020, зимските Олимписки игри Пекинг 2022, а извештај ќе поднесе и Светската Анти Допинг Агенција како и организаторите на зимскиот Европски младински олимписки фестивал Ерзурум 2017 и Летниот Европски младински олимписки фестивал Ѓер 2017.

„Македонскиот олимписки комитет (МОК) одбележува 25 години од своето формирање , токму тоа беше причината да побараме да бидеме домакини на овој голем собир. Овде во Скопје е кремот на Европските олимписки комитети, а ние како добри домакини се надеваме дека ќе го искористиме овој момент за склучување на нови договори за соработка меѓу нас и останатите ЕОК. Секако да напрваиме уште подобри услови за подготовка на нашите спортисти. Исто така ќе разговараме за Олимпискиот канал, спортскиот и финансискиот менаџмент, користењето на социјалните мрежи и еволуцијата на дигиталната комуникација која е се позстапена и кај нас“ истакна генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски.

Конференцијата ја отвори претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски, а гостите ги поздрави и градоначалникот на град Скопје, г-дин Коце Трајановски.

Share.

Leave A Reply