МОК ги престави спортистите кои патуваат за Буенос Аирес

0

Македонските млади спортисти утре заминуваат на Младинските Олимписки Игри кои ќе се одржет во Буенос Аирес,а Македонскиот Олимписки Комитет на прес-конференција, ги претстави шесте спортисти, кои ќе ја претстават нашата земја на овој собир на најдобрите млади спортисти во Аргентина. Спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, даде објаснување за начинот на кој биле избрани токму овие спортисти кои ќе бидат дел од овој голем настан.

„Да објаснам за јавноста зошто овие спортисти заминуваат во Буенос Аирес, а не некои други. До јануари 2018 моравме да бараме вајлд-карти  во повеќе спортови, но добивме само за четири спортови. Во август, некои дргуи спортист имаа Б-норма, но рокот беше до јануари, па не можевме да бараме за нив вајлд-карта. На 6 април, ние го добивме официјалниот список на спортисти, но тоа не значеше дека нашите спортисти не можеа да се натпреваруваат на турнири каде се добиваа норми. Знаменосец на отварањето ќе биде нашата натпреварувачка во таеквондо Ана Марија Георгиевска, бидејќи има најзначаен резултат, го освои третото место на Светското првенство. Љубителите на спортот настапите на нашите спортисти ќе може да ги следат преку „Youtube“ каналот на Македонскиот Олимписки Комитет“, истакна спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.

Очекувањата за својот настап дадоа нашите спортисти, а меѓу оние од кои се очекува висок пласман е и нашиот знаменосецот Ана Марија Георгиевска која  најави борба за медал.

„Чест ми е што ќе настапувам и ќе се борам за моето знаме, ќе се обидам да нападнам медал“, вели Ана Марија Георгиевска.

Македонија на овие Младинските Олимписки Игри ќе биде преставена од:
Берат Мустафа, атлетика, 400 метри
Миа Крстевска, пливање, 200 и 100 метри грбно
Ана Марија Георгиевска, таеквондо
Драган Велинов, борење, 110 килограми
Хамза Јашари, џудо, 66 килограми
Фаик Весели, карате, 61 килограм

Со секој спортист патува и тренер, а за Буенос Аирес ќе патува и Спортскиот великан на МОК, Стојна Вангеловска која треба да учествува ва Светски форум за Младински Олимписки игри.

Share.

Leave A Reply