МОК го одбележува – 6-ти Април – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СПОРТОТ ЗА РАЗВОЈ И МИР

0

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во партнерство со општините и основните и средните училишта од општините Карпош, Чаир, Прилеп и градот Скопје, оваа недела, заеднички ја одбележуваат манифестацијата  „6 Април-Меѓународниот ден на спортот за развој и мир“.

Преку проектот на МОК, МАЛИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ и преку акцијата која е посветена на промоцијата на Олимпизмот и спортот, образованието, здравиот начин на живот, развојот и мирот во светот, голем број на граѓани, млади спортисти и ученици учествуваа во славењето на овој глобален настан,искажувајќи ја својата посветеност и поддршка, но и порака за важноста на развојот на спортот и Олимпиското движење во Република Македонија.

Македонскиот олимписки комитет на С.У.Г.С. “Георги Димитров“, О.О.У. “Аврам Писевски“ – Бардовци од општина Карпош и О.О.У. “7 Март“ од општина Чаир како и на учесниците на манифестацијата во градот Прилеп им подари спортска опрема, книги и други реквизити за потребите на училиштата. На настанот кој се одржуваше во училишниот двор и спортските терени на училиштата, присуствуваа голем број на спортисти и спортски работници, наставници по физичко воспитание и образование, претставници од Македонскиот олимписки комитет, како и градоначалниците на Општина Карпош, Стефан Богоев, на општина Чаир, Висар Ганиу, а за утрешната манифестација ќе биде присутен и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

На 23 Август 2013 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации усвои Резолуција (бр.67/296) со која 6 Април се прогласува за Меѓународен ден на спортот за развој и мир. По тој повод, целото олимписко и спортско семејство, но и сите држави во светот, го посветуват односно го слават овој ден на Спортот за развој и мир и низ целиот свет се организираат вакви и сличниспортски, културни и уметнички манифестации.

Share.

Leave A Reply