МОК обезбеди здраствена грижа за олимпијците

0

Денес, претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), д-р Васил Тупурковски и директорот на Градска општа болница 8-ми Септември, Доц. д-р Христијан Костов, потпишаа договор за партнерство со кој ГОБ ќе ги пружи своите најдобри услуги на MOK односно на најдобрите македонски спортисти-Олимпијци и Олимписки кандидати до 2020 година.

Во разговорите помеѓу челните луѓе на двете институции се потенцира потребата од брза имплементација на договорената соработка, посебно во делот на спортската медицина и специјализација на стручен кадар од ГОБ во најсовремените спортско медицински центри во светот.

Share.

Leave A Reply