Во МОК задоволни од освоениот медал на МОИ во Буенос Аирес

0

По враќањето на Македонската Олимписка делегација од Младинските Олимписки Игри „БУЕНОС АИРЕС 2018“, беше одржана прес-конференција на која се даде анализа за учеството и постигнатите резултати, а акцент беше ставен на освоениот прв медал за Република Македонија на МОИ, освоен од страна на Фаик Весели и неговиот тренер Александар Кузмановски во Карате.

За резултатите зборуваше спортскиот директор Владимир Богоевски кои истакна дека сите спортисти кои биле во Буенос Аирес дале максимум, некои од нив ги исполнија очекувањата, а некои не, но за тоа ќе се зборува после анализата од страна на нивните тренери. Овие МОИ секако се успешни поради освоениот медал од страна на Фаик Весели кој на крајот и донесе на Македонија бронзен медал, кој е прв на вакво натпреварување на Македонија.

На прес- конференцијата беа присутни и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски како и претседателот на МОК, Др. Васил Тупурковски кои исто така им честитаа на нашите спортисти, а секако и на освојувачот на медал за Македонија.

Share.

Leave A Reply