МОК,Пинг понг Федерацијата и Општина Прилеп го слават Меѓународниот ден на спортот

0

Македонскиот Олимписки комитет (МОК) заедно со Пинг понг Федерација на Македонија (ППФМ), а во соработка со ППК Младост96 и огромна подршка од градот Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов Ченто”, утре (четврток 05.04.) во периодот од 10:30 до 14:00 часот, по втор пат ќе организираат настан по повод светскиот ден на спортот односно на пинг понгот.

На самиот настан ќе присуствуваат Претседателот на МОК г-дин Васил Тупурковски, членови на ППФМ и огромен број на дечиња и љубители на пинг понгот од сите возрасти од градот Прилеп.

Ова е уште еден убав начин да се одбележи денот на спортот.

Share.

Leave A Reply