Молде: Солсјкер ќе се врати кај нас во мај

0

Норвешки Молде по секоја цена сака да си го врати тренер Оле Гунар Солскјер на крајот на сезоната во Премиер лигата. Ова го објави клупскиот директор Ојстен Нерланд.

„Договорот е до 12 мај. Тоа е нашиот план А и нашиот план Б”, најави тој и додаде дека по секоја цена ќе работи младиот стратег да се врати во нивниот клуб за следната сезона.

Познато е дека од норвешкиот клуб направија голем компромис и го пуштија експертот да замине во Јунајтед како позајмен до крајот на сезоната. Неговото претставување на чело на тимот до моментов е едноставно феноменално и тој има пет победи во првите пет средби. И се зборува дека Солскјер може да потпише и нов договор со Јунајтед на крајот на сезоната, од Молде велат дека тие имаат планови да ја продолжат заедничката работа со него, бидејќи тој сепак е и еден од локалните миленици.

Share.

Leave A Reply