Момент на одлука: Македонија бара победа над Австрија за втора фаза на ЕП 2020

0

Македонската ракометна репрезентација денеска го игра последниот меч од групната фаза на ЕП и потребна ни е победа од два или повеќе разлика против Австрија за да се пласираме во следната рунда од Европското првенство.

Според математиката, три сценарија можат да не однесат во втората фаза од натпреварувањето.

-Најсигурна и најдобра варијатна е да ја победиме Австрија со два гола. На овој начин Македонија ќе пренесе два бода.

-За пренесување на бодови работа ќе ни заврши и победа од еден гол, но најважниот услов е да постигнеме барем 32 погодоци и повеќе.

-Македонија и со нерешено може да го завери билетот за пласман меѓу најдобрите 12 репрезентации на ЕП, но под услов Украина да приреди изненадување и да ја совлада Чешка. Во оваа ситуација нема да пренесеме бодови.

Дуелот во „Виенер Штадхале“ почнува од 18.15 часот. Следете не во живо од Виена на Спортското радио 90.3 фм

Share.

Leave A Reply