Монако го отпушти Жардим

0

Монако официјално го отпушти тренерот Леонардо Жардим по очајниот почеток на сезоната во француската Лига 1.

Учесникот во Лигата на шампионите е на 18. место на табелата со само една победа во првите 9 натпревари и веќе одамна се зборуваше за можна промена на тренерското место.

Под раководство на Португалецот, тимот од „кнежеството“ сензационално дојде до титулата во Франција во 2017 година, како и до полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Благодарен сум и горд што сум тимот на Монако повеќе од 4 години. Јас секогаш давав се од себе и работев со посветеност и страст. Постигнавме неколку големи победи кои секогаш ќе ги паметам “, рече Жардим во последната порака до навивачите.

Тој заминува со биланс од 125 победи, 52 нерешени и 55 порази на кормилото на тимот.

Share.

Leave A Reply