Монако одбил понуда на Ливерпул од 75 милиони евра за Мбапе

0

Ливерпул е првиот клуб кој упатил официјална понуда до Монако за талентираниот Килијан Мбапе, тврди „Марка”.

Предлогот беше во износ од 75 милиони евра, но е отфрлен од раководството на новиот шампион на Франција. Од Монако инсистираат дека нема да го продаваат својот голем талент дури при понуда која надминува 100 милион евра, а желба на сопственикот Дмитри Риболовлев е Мбапе да остане на „Луј II” барем уште една сезона.

„Ливерпул Екоу” потврдува дека менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп има интерес за 18-годишниот напаѓач, но конкретна понуда не била упатена. Интерес кон Мбабане пројавуваат голем број на гиганти од Европа, меѓу кои Реал Мадрид, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Share.

Leave A Reply