Поранешната тенисерка Моника Селеш одговори на прашањето кој од играчите од Големата тројка може да се смета за број 1 во историјата. Во триото се Швајцарецот Роџер Федерер, Шпанецот Рафаел Надал и Србинот Новак Ѓoковиќ.
„Мислам дека ќе биде оној кој ќе успее да се заштити од повреди и да трае најдолго. Тие играат сосема поинаку. Добро е што им даваат пример на младите колку може да биде разновиден тенисот”, изјави деветкратниот победник на Грен слем турнирите.
Во своите кариери, Федерер и Надал имаат освоено по 20 титули од Грен слем турнирите, додека Ѓоковиќ има три помалку, односно 17 титули.