Монтејунас е нов кошаркар на Њу Орлеанс

0

Литванскиот кошаркар Донатас Монтејунас потпиша договор со екипата на Њу Орлеанс. Според официјалниот сајт на клубот, договорт со 26-годишниот кошаркар е верификуван синоќа, но детали од соработка не се објавени.

Претходно, американските медиуми објавија дека Монтејунас веројатно ќе добие само едногодишен договор со Пеликанс и тоа со минимална плата предвидена во истиот.

Литванскиот кошаркар остана без ангажман откако пред Нова година, екипата на Хјустон го раскина договорот со него. Оваа сезона Монтејунас нема одиграно ниту еден меч, но во изминатите четири сезони има просек од 7,8 поени по меч.

Share.

Leave A Reply