Монтоја гледа со потсмев на евентуалното враќање на Кубица во Ф1

0

Некогашниот член на Вилијамс, Хуан Пабло Монтоја, не верува дека Роберт Кубица може да направи спектакуларно враќање во спортот.

Полјакот заедно со Пол Ди Реста беа повикани од страна на Вилијамс да направат пробни тестови со болидот од 2014 година и тоа на патеките во Велика Британија и во Унгарија. Покрај тоа, тимот најави дека ќе му овозможи на Кубица да има нови пробни возења во Абу Даби веднаш штом заврши тековнава сезона во Формула 1. Тоа очигледно не му се допаѓа на Монтоја.

„Искрено, за мене тоа е голема шега. Сигурен сум дека Роберт не е 100% способен да го вози новиот болид“ – изјави Монтоја.

 

 

Share.

Leave A Reply