Кружниот напаѓач, бразилецот Рожерио Мораеш кој настапува занашиот шампион Вардар од наредната сезона ќе ги брани боите на унгарски Веспрем.
Ова беше најавувано во текот на изминатите неколку недели, но денес се официјализираше. Бразилецот денес потпиша договор со унгарскиот тим кој ќе стапи на сила од 1 јули, 2019 година, а ќе важи во наредните две години, со можност за продолжување на уште една.
Рожерио Мораеш дојде во Вардар од германскиот тим Кил и веднаш се наметна во екипата како клучен играч на оваа позиција. Сигурно дека Давид Дејвис Камара кој го води тимот на Веспрем добро ги познава квалитетите на Мораеш па затоа се одлучи да го ангажира во неговата екиопа.