Мората може да се пресели во Серија „А“

0

Раководството на фудбалскиот состав Милан сака по секоја цена да го купи напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората, објавија дел од медиумите во Италија.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан му понудил на Мората годишна плата од 10 милиони евра по сезона со што Шпанецот ќе биде најплатен фудбалер во Серија А. 24-годишниот напаѓач ја прифатил понудата и упорно инсистира кај челниците на Реал да му дозволат да направи трансфер.

Милан аводно понудил 70 милиони евра плус бонуси додека „кралевите“  бараат најмалку 85 милиони евра.

Share.

Leave A Reply