Мората може да се врати во родниот град

0

Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Алваро Мората, не е задоволен од минутажата на „Стемфорд Бриж“ и затоа размислува да го напушти тимот предводен од Маурицио Сари.

Италијанскиот тренер се почесто го остава напаѓачот на клупата за резерви што предизвикува незадоволство кај Мората кој јавно изјави дека планира да ја промени средината. Шпанскиот весник –„Мундо Депортиво“, тврди, дека агентите на Шпанецот започнале преговори за негово враќање во татковината и тоа во екипата на Атлетико Мадрид.

Доколку тоа навистина се случи, голгетерот ќе се врати во клубот во кој беше активен во младинските категории се до 2007 година.

 

Share.

Leave A Reply