Морено официјално го презеде кормилото на „Фуријата“

0

Иако Луис Енрике уште пред мечот со Малта одигран во месец март ја напушти тренерската позиција во шпанската фудбалска репрезентација а челниците на Федерација дури денеска именуваа нов кормилар.

Станува збор за Роберто Морено, кој доби перманентен договор и ќе ја води „фуријата“ на Европското првенство во 2020-та година. Тој по заминувањето на Енрике успеа да се израдува на триумф на сите официјални мечеви на кои седеше на клупата.

Ќе потсетиме дека Луис Енрике цели 11 месеци беше селектор на Шпанија, но, не успеа да се квалификува за плеј-офот во Лигата на нации. Морено му беше помошник во стручниот штаб.

Share.

Leave A Reply