Морезмо не прифати да биде нов селектор на Франција

0

Поранешниот прв рекет во женска конкуренција, Амели Морезмо, ја одби понудата да стане селектор на францускиот тениски Дејвис Куп тим. Француската тениска федерација објави дека имале разговори со Морезмо, но таа не ја прифатила нивната покана.

Морезмо требаше да го замени Јаник Ноа, кој си замина од оваа позиција по последното издание на Дејвис Купот. Француската тенисерка потенцирала дека сега сака да се посвети само на индивидуалната работа со тенисерите со кои работи подолго време.

Морезмо ја заврши својата кариера во 2009 година. По завршувањето на кариерата, таа го тренираше Енди Мареј.

Share.

Leave A Reply